Дома Фудбал Англија Шест клубови ја саботираат Премиер лигата

Шест клубови ја саботираат Премиер лигата

Неодамна сите клубови во Премиер лигата официјално гласаа за продолжување на сезоната во најсилната англиска конкуренција.

Планот е натпреварите да се играат без публика и на неутрални терени така што ниту еден тим нема да има предност на домешен терен.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Меѓутоа англиските медиуми пишуваат дека Брајтон, Вест Хем, Вотфорд, Борнмут, Астон Вила и Норвич тајно кројат план за саботажа, односно тие не сакаат да играат понатаму. Инаку, ова се шестте последнопласирани екипи во Премиер лигата.

Утре клубовите од Премиерлигата и раководството ќе одржат состанок на кој треба да се дискутира за актуелната ситуација, барањето на шесте клуба од долниот дел на табелата е на маса, не сакаат да има испаѓање од лигата.

На овој состанок ќе присуствуваат и претставниците на телевизиите кои емитуваат преноси од Премиерлигата, се бара решение за актуелната ситуација, распределбата на финансиите, следните чекори.

Премиер лигата може да им се закани на овие шест клуба со исфрлање во подолен ранг доколку продолжат да саботираат, но то е последен чекор до кој никој не сака да дојде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Луис Дијас: Имав разговори со Барселона, но сум среќен што го одбрав Баерн

Луис Дијас го коментираше својот избор летово да се одлучи за Баерн Минхен наместо за друг…