Дома Фудбал Англија Шампионот не е во ТОП 3 – ова се трите најпродуктивни фудбалски школи во Италија!

Шампионот не е во ТОП 3 – ова се трите најпродуктивни фудбалски школи во Италија!

„Кориере Дело Спорт“ се занимаваше со оваа тема, а успехот се мереше по бројот на фудбалери кои успеале да стигнат до првите тимови во клубови од Сериј А и Серија Б.

Истражувањето покажало дека најмногу играчи доаѓаат од младинскиот погон на Рома.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Иако веќе некое време се чека „волчицата“ да „исфрли“ некој фудбалски бисер како што тоа беше случај со Тоти, Де Роси или во поново време Флоренци. Во овој момент дури 44 фудбалери кои потекнуваат од младинската школа на овој клуб настапуваат во двете најсилни лиги.

Нешто повеќе ги има во Серија Б (25), додека во Серија А има (19), а петмина се во матичниот клуб. Во тимот на Еусебио Ди Франческо настапуваат Даниеле Де Роси, Алесандро Флоренци, Лоренцо Пелегрини, Елио Карпадоси и Мирко Антонучи (дебитираше за првиот тим пред нешто помалку од еден месец).

Веднаш зад Рома е Милан кој има 43 првотимци, а трет е Интер со 40.

Комплетента листа можете да ја погледнете ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …