Дома Топ вести Чудо и хит во Европа: Тим од 6.1 милион евра е лидер на Примера!

Чудо и хит во Европа: Тим од 6.1 милион евра е лидер на Примера!

Aндалузијците се апсолутен хит во Шпанија, но и во Европа!

Фудбалска Европа се надеваше на „Ел Класико“ овој викенд, но политичката ситуација во Каталонија го одложи судирот на Барселона и Реал, па место некоја мајсторија на Меси, Суарез, Крос, Модриќ…Шпанија пишуваше за Домингеш Дуарте, Виктор Дијаз, Херман Санчез...За нив можеби и не сте слушнале ама тие се лидери во Ла Лига!

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Навистина Гранада има натпревар повеќе од Барса и Реал, но веќе со ист број одиграни натпревари има повќе бодови од Реал Сосиедад, Атлетико Мадрид, Севиља…Гранада сезонава неодоливо потсетува на чудото Лестер во Премиер лигата, иако покрај Барселона, Реал и Атлетико никој не верува дека Гранада ќе остане на врвот ама не се веруваше и за Лестер.

Во Гранада платите се дури за 18 пати помали од Барселона, овој клуб на годишно ниво издвојува 35.460 милиони евра, само Ваљадолид и Мајорка се полоши. За споредба Барса на плати троши 671.430 милиони евра.

Ова лето лидерот во Примера потроши само 7.250 милион евра. Поставата која го победи Бетис во последното 10-ти коло вредеше 6.1 милиони евра, додека Бетис само за еден Борха Иглесијас плати 28 милиони евра. Најскапо засилување на Гранада беше Дарвин Мачис од Удинезе и Домингош Дуарте, за двајцата платија по три милиони евра, Јан Брис дојде од Б тимот на Севиља за еден милион евра.

Гранада е таму каде што последен пат беше пред 46 години и каде што никогаш не била после 10 одиграни кола. Имаат 20 бодови колку и во сезоната 2016/2017 кога испаднаа и тие 20 бода ги освоија после 38 кола. Тогаш и Тони Адамс пристигна да се обиде нешто да промени, меѓутоа не успеа Гранада испадна.

Џани Поцо од фамилијата која ги држи Вотфорд и Удинезе за 37 милиони евра ја продаде Гранада. Купувачот беше Џијанг Лижанг кој има 5% акции во НБА тимот Минесота, 60% во италијанската парма и сопственик е на кинескиот клуб Чокинг.

Почекајте да слушнете кој ја води Гранада…

Диего Мартинез – човек кој со 38 години е најмлад тренер во Примера, дебитант во елитниот караван. Тој и понатаму зборува дека сето ова е убаво, но за него најважна цел е опстанокот. Инсистира на тимскиот дух и се обидува да го подобрува така што играчите имаат заеднички екскурзии и викенди..

Што и да прави засега го прави перфектно!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…