Дома Фудбал Италија Човекот кој ја уништува сезоната на Јувентус – Мехди Бенатија!

Човекот кој ја уништува сезоната на Јувентус – Мехди Бенатија!

benatia

До пред само 11 денови – одличен…

Мехди Бенатија изгледаше како човек кој може да ја изнесе целата сезона на својот грб и во поглемиот дел од неа како човек околу кого Јувентус може да ја гради одбраната во наредните неколку години, сепак во последните недели се претвори во вистински трагичар. Неверојатно делува податокот дека во само 11 денови направи три кардинални грешки кои би можеле да ја упропастат сезона на гигантот од Торино.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се започна на 11 април во Мадрид во третата минута од судиското продолжение кога го собори Лукас Васкез во шеснаесетникот. Колку и да е одлуката на Мајкл Оливер контроверзна ќе остане запишано дека токму Бенатија е виновникот за елиминацијата.

Продолжи во Италија и тоа во натпреварот против Кротоне, натпревар кој според сите параметри, Јувентус мораше да го добие. Јувентус не победи, имаше предност до 65 минута кога Сими со ножички успеа да го совлада Шчесни, а го чуваше погодувате – Бенатија!
Навистина потегот на Сими беше атрактивен и многумина сметаат дека не можеше ништо да се направи, но исто така е факт дека 31 годишниот дефанзивец не направи ништо за да го запре. Натпреварот заврши 1:1.

За крај на „фаталниот“ месец следуваше „забивањето“ на Калид Кулибали. Сенегалецот се крена во воздухот и го совлада Буфон, додека Мехди Бенатија остана на тревникот. Поради тоа оправдано е ударот на јавноста. Повторно.

„Бенатија погреши. Не можеше да го маркира човекот, не се постави како што треба. Тоа беше голем пад во неговата концетрација и скапа грешка. Ако вака се браните од прекин во Италија тогаш тоа не може да биде добро“, смета Себино Нела, поранешниот бек на Џенова, Рома и Наполи.

Овие три грешки кои би можеле да ја уништат сезоната се поврзани за Бенатија, а се до тој момент беше одличен, постигна и гол во дербито против Рома…Сепак, доколку денес направите анкета помеѓу навивачите на Јувентус дали Брзаљњи подобро би реагирал во овие ситуации или Бонучи (доколку останеше), сите знаеме како ќе заврши таа анкета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…