Дома Фудбал Останато Чеферин за Ањели: Не сум видел човек што лаже толку многу!

Чеферин за Ањели: Не сум видел човек што лаже толку многу!

По повод одлуката за формирање на новата Суперлига во која учеството го потврдија 12 клубови се огласи првиот човек на УЕФА Александар Чеферин.

Чеферин го потврди она што се најавуваше и порача дека на играчите кои ќе настапат во Суперлигата ќе им биде забрането да играат за репрезентациите на Европско или Светско првенствои.

Првиот човек на УЕФА отворено го нападна и претседателот на Јувентус Андреа Ањели кој беше негов близок соработник, а сега ќе биде потпретседател во Суперлигата и десна рака на Флорентино Перез.

„Ќе започнам со Ед Вудворд од Манчестер Јунајтед. Разговаравме во четвртокот и ми кажа дека е задоволен од најавените реформи во Лигата на шампионите. Меѓутоа најголемото разочарување за мене е претседателот на Јувентус Андера Ањели. Не сум видел човек што лаже толу многу. Тоа е нешто неверојатно“, критикуваше Чеферин.

Учеството во Суперлигата досега го потврдија: Интер, Милан, Јувентус, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал, Челзи и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус започна преговори со Гатузо

Јувентус веќе ја започна потрагата по нов тренер за следната сезона, пренесуваат италијанс…