Дома Македонски спорт Мак ракомет Червар ги остава на трибини Митревски, Арнаудовски и Пешевски

Червар ги остава на трибини Митревски, Арнаудовски и Пешевски

0

Македонскиот селектор Лино Червар ги откри имињата на 16-те играчи кои ќе му се спротивстават на Тунис, во првиот меч кој Македонија ќе го одигра на 25-то Светско првенство.

На општо изненадување Червар реши еден од тројцата кои ќе останат на трибините да биде голманот Никола Митревски. Изоставувањето на Митревски значи дека голот на Македонија ќе го бранат дебитантите на големите натпреварувања Кирил Колев и Благојче Трајковски.

Покрај Митревски, на трибините ќе бидат уште и Ристо Арнаудовски, односно Жарко Пешевски.

Дуелот Македонија-Тунис, во рамките на Б групата ќе се одигра во Мец со почеток во 17:45

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија стартуваше со пораз на „Трофеј Карпати“

Женската ракометна репрезентација на Македонија стартуваше со пораз на меѓународниот турни…