Фудбалерите на Челси вечерва со 2:1 го совладаа Кристал Палас во рамките на 30. коло од англиската Премиер лига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Челси немаше поголеми проблеми во дуелот со екипата од опасната зона, а се беше решено во првата третина од натпреварот.
Прво бразилецот Вилиан во 25. минута постигна погодок за 1:0, па седум минути покасно Мартин Кели со автогол го постави конечниот резултат во првиот дел од 2:0.
Во продолжение од натпреварот Челси доминираше, но Сините беа свесни дека имаат добра предност и не се трудеа премногу да нападнат. Во завршницата на натпреварот примија погодок преку Ван Анхолт, кој на крајот се покажа само како утешен.
Челси сега има 56 бодови и е на два бода зад четвртопласираниот Тотенхем, но Спарси имаат и натпревар помалку.
Од друга страна, на Кристал Палас ова му е четврт пораз во низа и со 27 бода останува во опасната зона.