Дома Трансфер зона Челзи ја сака ѕвездата на Милан

Челзи ја сака ѕвездата на Милан

Агентот на Сусо отпатувал за Лондон каде ќе има средба со раководството на Челзи за евентуален трансфер на Шпанецот, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Крилниот напаѓач на Милан е голема желба на новиот тренер Маурицио Сари, кој сакаше да го донесе Сусо уште во Наполи.

Челзи е спремен да му ја исполни желбата и наводно веќе започнал преговори со агентот на Сусо. Шпанецот во договорот има откупна клаузула од 40 милиони евра, која нема да биде проблем за „сините“.

Милан сака да го задржи Сусо во своите редови, но играчот има откупна клаузула и доколку му каже ДА на Челзи, „росонерите“ ќе бидат немоќни да го задржат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…