Дома Топ вести Челзи тргнува по Лаутаро Мартинез

Челзи тргнува по Лаутаро Мартинез

 Челзи доби нов газда пред неколку дена, кој е спремен да инвестира значителна сума за засилувања ова лето.

Прво засилување на „сините“ треба да биде напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез, за кого Челзи нема да жали пари да го донесе на „Стенфорд Бриџ“


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Лукаку пристигна за 115 милиони евра минатото лето во Челзи, но не ги опаравда очекувањата и сака да го напушти клубот.

Поради тоа Челзи сака да донесе нов напаѓач и смета дека Лаутаро ќе биде вистинскиот избор, за кого веќе спремиле понуда од 80 милиони евра.

Интер има финансиски проблеми и е спремен да го продаде Аргентинецот, но сака за возврат покрај споменатата сума да го добие и Лукаку на едногодишна позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ваква во овој момент изгледа нокаут фазата на ЕП – левата страна е застрашувачка

Откако го дознавме исходот во четири од шесте групи на Европското фудбалско првенство, поз…