Дома Топ вести Челзи не се откажува од Кунде

Челзи не се откажува од Кунде

Раководството на Челзи продолжува да ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде, иако не успеа да го донесе во летниот преоден рок.

Францускиот репрезентативец има договор со шпанскиот клуб до 2024 година во кој има откупна клаузула од 68 милиони фунти.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Токму тоа е цената која Севиља ја бара за слободата на Кунде, и минатото лето одби две понуди од Челзи.

Се поизвесно е дека „сините“ на лето ќе останат без Рудигер, па Кунде ќе биде примарна трансфер цел. Самиот играч сака преселба во Премиер лигата и инсистира да се пресели во Челзи.

„ЕСПН“ тврди дека Челзи уште во јануари ќе започне преговори со Севиља за Кунде, но многу поверојатно е трансферот да се реализира на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…