Дома Фудбал Челзи му плати на Атлетико 40 милиони за играч кој не одиграл ниту натпревар за шпанскиот гигант

Челзи му плати на Атлетико 40 милиони за играч кој не одиграл ниту натпревар за шпанскиот гигант

По огромното трошење на средства, на ред е приливот. По договорените пристигнувања на Хулијан Алварез од Манчестер Сити и Конор Галагер од Челзи за сума од вкупно околу 130 милиони евра, Атлетико Мадрид реши конечно да продаде некого.

Младиот шпански репрезентативец и член на олимписката селекција Саму Омородион од редовите на „Јорганџиите“ се сели во Челзи за сума од околу 40 милиони, тврдат сигурни извори, што го потврдува и Фабрицио Романо.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Играч за кој веројатно не сте слушнале, освен ако не сте голем љубител на шпанскиот фудбал, остави свој белег на натпреварувањето во Париз, кое сè уште трае, а вниманието на скаутите на Сините очигледно беше доволно за тренерот Енцо Мареска да го посака играчот во своите редови.

20-годишниот фудбалер, кој има настапувано во првите тимови на Гранада и Депортиво Алавес, дојде во Атлетико во август минатата година и потпиша петгодишен договор, а по позајмицата во Виторија и осумте гола очигледно ги исполни неопходни критериуми за Челзи да издвои богатство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета брутално искрен по шокантниот пораз: Оваа шлаканица ги заболи фудбалерите!

Фудбалерите на Арсенал денеска претрпеа неочекуван пораз на својот терен од Борнмут, а мен…