Дома Трансфер зона Челзи и Ливерпул „се тепаат“ за Французинот, кој клуб е поблиску до неговиот потпис!?

Челзи и Ливерпул „се тепаат“ за Французинот, кој клуб е поблиску до неговиот потпис!?

Како што пренесуваат француските медиуми, „Сините“ и „Црвените“ покажаа интерес за фудбалерот на Лион, Хусем Уар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 20-годишен француски фудбалер оваа сезона доби вистинска шанса во редовите на Олимпик Лион, настапува на позицијата офанзивец играч за врска и лево крило, а блеска во Лига 1 со пет гола и една асистенција на 13 настапи, додека во Лигата на Шампионте запиша три асистенции. Од ден на ден покажува дека има голем потенцијал, а тоа не им побегна на скаутите на Челзи и Ливерпул.

Сепак, според пишувањата на „RMC Sport“, екипата од „Стемфорд Бриџ“ за сега покажа сериозен интерес, редовно ги прати неговите игри, скаутите на „Сините“ се на речиси секој натпревар на Лион токму поради него. Се поблиску е зимскиот трансфер период, но се претпоставува дека ниту едните ниту другите нема да се обидат да го доведат во јануари, туку ќе продолжат да го следат, доколку докаже дека вреди, следното лето би можело да ја промени средината.

Младиот Уар има договор со Лион до 2023. година, што значи дека заинтересираните страни добро ќе мораат да се покажат пред управата на францускиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…