Дома Трансфер зона Челзи влегува во трка за две големи засилувања?

Челзи влегува во трка за две големи засилувања?

Лондонски Челзи според последните информации од Островот е спремен сериозно да се засили во летото кое следи.

Германските медиуми објавија дека Џејдон Санчо е желба на „Стенфорд Бриџ“ и тие ќе се обидат да го доведат во своите редови. Санчо од поодамна се поврзува со заминување од Борусија Дортмунд. Најмногу се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, но сега во трката се вмешал и Челзи.

Покрај Санчо, Челзи би можел да се обиде и да го убеди Давид Алаба да потпише за нив. Ќе потсетиме, Алаба сигурно го напушта Баерн како слободен играч на крајот од сезоната.

Многумина веќе го видоа Алаба како нов играч на Реал, но сега Челзи би можел да им направи проблем на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Европските гиганти ја започнаа трката за новиот „бисер“ на Салцбург

Салзбург после Ерлинг Халанд изгледа има ново голгетерско чудо. Австрискиот шампион има но…