На поранешниот македонски селектор Чедомир Јаневски му оди одлично во АЕЛ Лимасол откако дојде во овој клуб пред еден месец.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во досегашните четири прволигашки натпревар АЕЛ со Јаневски на клупата освои 10 од можни 12 бодови. Дебитираше Јаневски во ремито без голови против гигантот АПОЕЛ, а сега врза три победи во низа, прво Омонија, па Карамиотиса и вчера Неа Сламис.




Кога дојде во клубот АЕЛ беше на дното, а сега е на чекор да влезе во првата шесторка во лигата. Сепак и покрај ваквите работи има работи од кои Јаневски не е задоволен.




„Имаме проблеми во нападот. Севкупно имаме постигнато шест гола и не сум задоволен како играме напред, потребна ни е поголема самодоверба и менталитет во нападот, така мислам дека ќе дојдат и головите. На тренинзите на тоа најмногу работиме. Со Неа Сламис имавме малку шанси, но постигнавме гол“, изјави Јаневски.




Во кариерата на Јаневски, АЕЛ е негов четврти клуб, а беше тренер уште на Енизис Параламини, Етникос Ахна и Олимпијакос од Никозија.