Дома Фудбал Чави доби одлични вести во вистински момент

Чави доби одлични вести во вистински момент

Фудбалерите на Барселона успеаа да врзат две лигашки победи и со ремито на Реал и Атлетико до некаде се вратија во трката за титулата, а денеска за нив пристигнаа нови добри вести.

Капитенот Марк Андре Тер-Штеген е спремен и се очекува да го започне натпреварот наредниот викенд против Гранада. Германецот поради повреда на грбот одлучи да оди на операција и поради тоа беше надвор од тимо цели три месеци, а неговото враќање пристигнува во вистински момент.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Резервниот голман Ињаки Пења не ги исполни очекувањата, посебно во месец јануари и прими рекордни 19 голови што не се случило никогаш претходно во историјата на Барселона.

Освен Тер Штеген оваа недела во тимот се враќа и Рафиња кој исто така беше во аут неколку недели, што е добра вест по повредите на Феликс и Феран Торес. Барселона на 21-февруари гостува на Наполи во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, па секако Тер Штеген и Рафиња се одлични засилувања за Чави.

Сега надвор од тимот се Гави и Балде за кои сезоната заврши, Торес сигурно го пропушта гостувањето во Наполи, додека Феликс ќе биде во трка со времето да се подготви за 15 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Докторот ја опиша драмата за време на спасувањето на животот на Едоардо Бове: „Го реанимиравме во возилото за Брза помош“

Голема драма беше забележана на „Артемио Франси“ во Фиренца во неделата за време на дербит…