Реал Мадрид денес ја победи Селта со 1:3 и така со триумф ја отвори сезоната во Ла Лига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На деншниот во тимот на Реал исклучување заработи Лука Модриќ. Главниот судија на натпреварот не забележа ништо, но подоцна беше повикан од ВАР собата да ја прегледа ситуацијата после што одлучи да го исклучи Хрватот.
Овој црвен картон ги подели навивачите во Шпанија. Едни тврдат дека правилата се јасни – Модриќ иако ненамерно стартуваше со отворен ѓон, а тоа значи и директен црвен картон. Други пак обвинуваат дека со вакви работи фудбалот ја губи смислата.