Кошаркарите на Црвена Звезда со победа ја започнаа одбраната на титулата во АБА лигата, откако во првото коло го победи Морнар со 88:77.
Целосно реновираниот тим на актуелниот АБА шампион, со новиот тренер Душaн Алимпијевиќ, го реши прашањето на победникот во првото полувреме кога стекна 17 поени предност.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Матијас Лесор со 22, односно Тејлор Рочести со 17 поени, 7 асистенции и 4 скока беа креатори на првата сезонска победа на Црвена Звезда.
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ победата на својот тим ја гледаше од клупата на резерви.