Дома Фудбал Останато Хулиганот кој го нападна голманот на Севиља доби затворска казна

Хулиганот кој го нападна голманот на Севиља доби затворска казна

Два месеци затвор и еден дополнителен месец условно, доби хулиганот кој го удри голманот на шпанскиот клуб Марко Дмитровиќ на натпреварот од Лига Европа меѓу ПСВ и Севиља.

Станува збор за 20-годишен навивач осуден за напад на српскиот голман и за прекршување на забраната за влез на стадионот што му ја изрече Холандската фудбалска федерација.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Покрај затворот, тој доби и двегодишна забрана за доближување до стадионот на ПСВ Ајндховен. Хулиганот се обиде да се оправда дека не бил свесен за постапката, со оглед дека тој ден испил премногу пиво.

Одлуката на судот е образложена дека „постапката на осомничениот немала врска со фудбал или љубов кон неговиот клуб“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трагичарот на Италија си ја отвори душата: Сакав да пропаднам во земја!

Напаѓачот на Интер, Пио Еспозито, се осврна на промашениот пенал во финалето од баражот, к…