Дома Останати Ракомет Хрватска и Шпанија ремизираа во натпреварот за првото место во групата

Хрватска и Шпанија ремизираа во натпреварот за првото место во групата

Денес во Виена се играше натпреварот за првото место во групата 1 помеѓу Хрватска и Шпанија во кој на крајот немаше победник.

Натпреварот заврши 22:22, а ова реми им одговара на Шпанците кои ќе ја завршат групата како првопласирана селекција поради подобрата гол разлика.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Првото полувреме донесе неизвесна игра се играше гол за гол. Шпанците на полувреме заминаа со предност, после 30 минути игра водеа со 12:11.

На стартот од второто полувреме Шпанија направи серија од 6:1 и дојде до убедлива предност. Имаше Шпанија кон средината 20:14. Но од тој момент Хрватска започна да игра многу подобро и изедначи на 21:21.

Хрватите во финишот имаа и водство од 22:21 до кое дојдоа со голот на Дувњак. Шпанија во следниот напад изедначи. Дувњак во последните секунди ја превзема одговорноста, но ја погоди само стативата, до крајот „Фуријата“ само ја зачува топката.

Шпанија во полуфиналето ќе игра со второпласираната селекција од групата 2. Тоа ќе бидат Норвешка или Словенија. Хрватска ќе оди на натпревар со првопласираната селекција од оваа група.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Раководството на РФМ беше во посета на ИХФ во Базел

Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реализираше значајна работна п…