Дома Трансфер зона Холанѓаните пишуваат за лудо сценарио: Ајакс го сака Де Лихт назад!?!

Холанѓаните пишуваат за лудо сценарио: Ајакс го сака Де Лихт назад!?!

Неверојатна ама баш неверојатна вест пристигнува од Холандија – Ајакс сака да го врати Де Лихт!?

Минатото лето Јувентус на Ајакс за Холанѓанецот му плати огромни 85 милиони евра, меѓутоа на Де Лихт не му оди баш најдобро.

Де Лихт од стартот на сезоната, поточно од како се повреди Киелини доби место во стартниот тим на Јувентус каде што до пред неколку натпревари беше стандарден со Леонардо Бонучи. Многумина веруваа дека Де Лихт ќе добива помала минутажа кога Џордо Киелини ќе се опорави од повредата, но тоа се случи уште пред искусниот стопер да се врати на терените.

Последниот натпревар како стартер Де Лихт го одигра пред еден месец во поразот од Лацио од 3:1. Во следното коло против Удинезе во игра влезе во 76 минута и од тогаш не доби ниту минута на теренот, а поминаа четири натпревари.

Местото на Де Лихт го превзема Мерих Демирал кој во Јувентус дојде летото многу потивко.

Сега дали Ајакс има капацитет да го врати Де Лихт тешко е да се каже, позајмица можеби изгледа како добро решение. Ајакс има проблеми во одбраната поради здравствената ситуација на Дејли Блинд на кого кариерата му е под знак прашалник. Од друга страна Де Лихт во Ајакс би можел да ја врати сигурноста со која играше минатата сезона.

Откуп звучи како приказна од научна фантастика, па останува да видиме дали може да видиме барем позајмица која секако би била изненандувачка со оглед на огромните очекувања кои ги имаа од Де Лихт во Јувентус.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи се откажа од него во 2013 година, а сега го сака назад за 90 милиони евра

Даклан Рајс е најдобриот фудбалер на Вест Хем во изминатата сезона во Премиер лигата. Стан…