Дома Кошарка Хит видео: Јокиќ се враќаше во одбрана и заигра „Макарена“ 🎥

Хит видео: Јокиќ се враќаше во одбрана и заигра „Макарена“ 🎥

Поради неговата игра, Никола Јокиќ многу често е мета на фаули на противничките кошаркари во НБА лигата, а понекогаш Србинот знае да ги загуби нервите и да го искаже својот револт.

Така беше во победата изминатата вечер против Минесота со која поведоа со 3:0 во серијата. Јокиќ беше одличен и запиша трипл-дабл од 20 поени, 11 скокови и 12 асистенции. Меѓутоа по овој натпревар во центарот на вниманието е и еден посебен потег на српскиот кошаркар.

При враќањето во одбраната во еден момент Јокиќ заигра во стил на познатата „Макарена“.

„Макарена потезите? Кога е нешто очигледно сакам да покажам дека е очигледно. Нема ништо повеќе околу тоа“, објаснил Јокиќ по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Две слободни за историја: МЗТ одбележува три децении од победата над Реал

На 6 ноември 1996 година МЗТ го совлада Реал Мадрид со 69-68. Триесет години подоцна, реша…