Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес имаше жесток вербален напад на останатите тимови од Бундеслигата.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Баерн веќе девет години има апсолутна доминација во Бундеслигата, а последен тим кој успеа да им ја земе титулата е Борусија Дортмунд во 2012 година.




Многумина го критикуваат Баерн дека ги купува најдобрите играчи од останатите клубови, па Хенес има интересен одговор.
„Дали треба да го изгаснеме клубот за Бундеслигата да биде повторно возбудлива? Или во иднина треба да играме со 10 играчи на кој меч? Тоа е прилично досадна расправа“, изјави Хенес.




„Не гледам ништо лошо тоа што Баерн е поважен за спонзорите во однос на Борусија Дортмунд. Работевме напорно за тоа, не ни падна на лотарија“, додаде Хенес.