Дома Фудбал Германија Хари Кејн е „Златната копачка“ на Европа!

Хари Кејн е „Златната копачка“ на Европа!

Хари Кејн стана вториот англиски фудбалер кој ја освоил „Златната копачка“.

Кејн од денеска и официјално е најдобар стрелец во Европа со 36 постигнати голови во Бундеслигата во дресот на Баерн Минхен.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Кога тоа ќе се помножи со два, што е коефициент за германската лига, се добива бројот 72, кој е највисок од сите напаѓачи во Европа.

Зад себе Кејн ги остави Гираси, Халанд, Мбапе, а Топ 5 ја комплетира Опенда од Лајпциг.

Штета што и оваа сезона Кејн не освои значаен трофеј, па останува веројатно најдобриот играч во денешниот фудбал кој е без шампионска титула или титула во Лигата на шампионите…

Минатата година ова признание го освои Ерлинг Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Инциденти во Црна Гора: Хрватски навивачи биле нападнати по балканското дерби!

Стигнуваат вести за напад врз колоната на хрватски навивачи кои се враќале од Подгорица. П…