Дома Кошарка Хаос во Грција: Навивачите на Панатинаикос го прекинаа натпреварот, Олимпијакос шампион

Хаос во Грција: Навивачите на Панатинаикос го прекинаа натпреварот, Олимпијакос шампион

Кошаркарите на Олимпијакос ја одбранија титулата шампион на Грција, откако со службен резултат победија во четвртиот натпревар од финалната плејоф серија, поради прекин на играта од навивачите на Панатинаикос.

Немаше драма и неизвесност во однос на резултатот. Но, тоа не значи дека воопшто го немало и дека крајот на финалната серија бил досаден.

За тоа се потрудија навивачите на Панатинаикос кои на три минути пред крајот на третата четвртина фрлаа предмети на теренот и го завршија натпреварот со 63:35 за Олимпијакос.

Судиите бараа мечот да се продолжи само доколку салата биде празна, а на крајот и официјално беше прекинат и на Олимпијакос му беше доделена победата за титулата.

Ова е 14-та титула за Олимпијакос, втора по ред, додека Панатинаикос остана најтрофејниот тим во Грција со 39 шампионски пехари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ТФТ бара враќање на победите, Штип шанса за првенец во елитата

Четвртото коло во кошаркарската Суперлига почнува со дуелот меѓу ТФТ и Штип во Скопје. Дом…