Германскиот репрезентативец, Каи Хаверц на лето би можел да го напушти Челзи, пренесуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Германецот оваа сезона не игра на препознатливото ниво, а медиумите тврдат дека сака да ја промени средината на крајот на сезоната.
Хаверц веќе го известил својот агент и доколку Челзи не избори пласман во Лигата на шампиони тој сигурно ќе побара трансфер.
Хаверц има договор со „сините“ за уште две години, а медиумите тврдат дека силен интерес за него покажува Баерн Минхен.
Челзи нема да се противи на неговото заминување и му поставил цена од 60 милиони фунти.