Дома Фудбал Останато Фудбалер ја пропуштил сопствената свадба, го заменил неговиот брат

Фудбалер ја пропуштил сопствената свадба, го заменил неговиот брат

Новиот напаѓач на шведскиот прволигаш Малме, Мохамед Буја Туреј, ја пропушти сопствената свадба за да дебитира синоќа за својот нов клуб на натпреварот од квалификациите за Лига Европа против Дуделанж, јавија шведските медиуми.

Фудбалерот од Сиера Леоне обелодени дека тој воопшто не се појавил на свадбата, а на церемонијата го претставувал неговиот брат.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


– На венчавката ме застапуваше мојот брат. Се венчавме на 21 јули во Сиера Леоне, но јас не бев таму, бидејќи Малме ме замоли да дојдам порано, изјави Туреј.

Новото засилување на Малме од Сиера Леоне на социјалните мрежи објави фотографии од свдабата, појаснувајќи оти тие биле направени претходно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ајнтрахт одби 80 милиони од Њукасл за Екитике

Ајнтрахт Франкфурт ја отфрли понудата од Њукасл за Уго Екитике, пренесува Флоријан Плетенб…