Чуамени го повреди левото стапало, соопшти Реал Мадрид, а фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо откри дека францускиот играч за врска ќе отсуствува меѓу шест и осум недели.
Тоа е голем удар за мадридскиот клуб, каде што Чуамени стана многу важен играч во тимот на тренерот Карло Анчелоти.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Секогаш кога Чуамени беше во првиот тим, Реал не губеше оваа сезона. Досега како централен играч за врска има 14 настапи и постигнато еден гол.
Да потсетиме, тој во клубот пристигна лани од Монако за 80 милиони евра. Неговиот договор е со важност до летото 2028 година.
Повредата на Чуамени доаѓа по победата на Реал над Барселона (2:1) во Ел Класико во 11. коло од шпанскиот шампионат. Французинот ги одигра сите 90 минути и учествуваше во големиот пресврт, кој го донесе Џуд Белингам со два гола.