Репрезентацијатана Панама беше специјален гостин на „Монументал“ во првиот натпревар на Аргентина по Светското првенство, а фудбалерите на овој тим навистина одлично се забавуваа.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Навивачите на Аргентина режираа спектакл од трибините, а по натпреварот репрезентативците на Панама сакаа да дојдат до дресовите на некои од напојзнатите фудбалери во светот. Еден од оние кои беше во центарот на вниманието е Енцо Фернандез.
Фернандез стана многу популарен по настапите на Светското првенство и направи трансфер вреден 120 милиони евра во редовите на Челзи. Двајца репрезентативци на Панама играа „лист камен ножички“ за да одлучат кој да го добие неговиот дрес.
Love this video of Enzo Fernandez surrounded by Panama players who want his shirt. pic.twitter.com/N4SiqQOuiS
— Frank Khalid OBE (@FrankKhalidUK) March 24, 2023