Дома Фудбал Останато ФРАНЦУЗИТЕ ЗНААТ: Канте би можел да си оди само во еден од овие два тима!

ФРАНЦУЗИТЕ ЗНААТ: Канте би можел да си оди само во еден од овие два тима!

Канте блеска, како во дресот на Челзи, така и во дресот на француската репрезентација. Лондонскиот тим направи полн погодок кога го доведе од Лестер 2016. година за само 32 милиони фунти.

Овој 27-годишен фудбалер се поврзува со Јувентус и ПСЖ, кои со задоволство би го виделе во своите редови, а дури се споменуваше дека францускиот тим е подготвен да издвои огромни пари за да го доведе, но Челзи изјави дека тој не е на продажба.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Француските весници демантираа дека тој би можел да се пресели во Париз или Торино, но веруваат дека доколку Канте некогаш би го напуштил Лондон, во игра се само две дестинации – Мадрид и Барселона.

Се разбира, алудираат на Реал и на Барселона, а сметаат дека тоа би била круна на неговата кариера и дека заслужил да го носи дресот на овие два гиганти.

Канте има договор со Челзи до 2021. година, а во моментов е пресреќен во Лондон. Под водство на Сари доби и нова улога, па многу пати се наоѓаше во последниот дел од теренот, што до сега од него тоа не го видовме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид објави уште еден нов дефанзивец

Реал Мадрид ја финализираше зделката со Бенфика за Алваро Карерас. Тој има 22 години, игра…