Дома Останати Тенис Франзуците ги нападнаа Британците поради Ѓоковиќ и Меси!

Франзуците ги нападнаа Британците поради Ѓоковиќ и Меси!

Изборот на Лионел Меси за „спортист на годината“ според британски „Тајмс“ предизвика бурни реакции во дел од спортската јавност. Аргентинецот го освои Мундијалот, но кон крајот на 2022 година, додека во текот на 2023 година имаше прилично разочарувачка година во која замина од европскиот фудбал.

Реакција стигна и од францускиот портал специјализиран за тенис „welovetennis.fr“ од каде што сметаат дека Ѓоковиќ едноставно немал конкуренција во 2023 година.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


„Како и поголемиот дел од љубителите на спортот навистина го сакаме Лионел Меси во нашата редакција. Стана светски шампион со Аргентина првпат во кариерата и ги заслужува сите пофалби. Но, постојат граница зас. Бидејќи британски „Тајмс“ го прогласи за најдобар спортист во 2023 година имаме право да го доведуваме во прашање кредибилитетот на оваа награда.

Без многу навлегување во про-тениската призма, ни изгледа дека Новак Ѓоковиќ го заслужи ова признание. Навистина за разлика од аргентинскиот фудбалер, српскиот тенисер на 36 години играче дури четири грен-слем финалиња во 2023 година и победи на три однив во период од јануари до септември“, стои во текстот.

Во заклучокот на текстот бараат повеќе почит за Ѓоковиќ.

„Нема да навлегуваме во теории на завера и да го доведуваме во прашање талентот на Меси, но можеме да кажеме дека Новак Ѓоковиќ заслужува малку повеќе почит од одредени медиуми за се што постигна во неговата кариера“, завршуваат Французите.

Инаку, спротивно од „Тајмс“, Ѓоковиќ е главен кандидат за освојување на признанието на „спортист на годината“ во избор на „Би-Би-Си“. Меси е минатогодишен победник во изборот на „Би-Би-Си“, но за оваа година не е ниту во потесната конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ номиниран за уште едно престижно признание – брка рекорд на Федерер!

Новак Ѓоковиќ е номиниран е за наградата „Лауреус“ за најдобар спортист во светот. Најдобр…