Дома Фудбал Фото: Изгледот на „Камп Ноу“ е доказ дека денес се игра натпревар за историја

Фото: Изгледот на „Камп Ноу“ е доказ дека денес се игра натпревар за историја

Каталонија денес е во центарот на вниманието, како на политичката, така и на спортската јавност!

Денес во оваа шпанска покраина се одржува референдум кој е проследен со немири на улиците и многу инциденти. Токму поради тоа Барса побара од Федерацијата одложување на мечот со Лас Памлас, но раководството на Примера одлучи да го одбие барањето.

На Барселона и беше кажано дека натпреварот ќе биде прогласен со службен резултат 0:3 за Лас Палмас доколку фудбалерите на излезат денес на „Камп Ноу“.

Она што е најважно е што е одлучено мечот да се игра зад затворени врати, односно без присуство на публика. Тешко е да се поверува дека тоа некогаш се случило во историјата на овој славен клуб.

Снимките од празниот „Камп Ноу“ кружат по сите светски медиуми кои пренесуваат дека ова е доказ дека во Барселона денес се игра историски натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пуштени се во продажба билетите за натпреварот со Словенија во Љубљана

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека во продажба се пуштени билетите за…