„Војната“ помеѓу ФС Шпанија и организаторот на преносите на натпреварите „Медиапро“ доби нова епизода.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
До нов конфликт дојде после случувањата во преносот во текот на натпреварот помеѓу Атлетик Билбао и Валенсија кој гостите го добија со 0:1.
Реализаторот на преносот при голот на Черишев прикажа графика на која се гледа дека фудбалерот на Валенсија е во недозволена позиција, додека во ВАР собата заклучија дека позицијата е регуларна.
Во второто полувреме реализаторите прикажаа графика од ВАР собата на која се гледа дека голот е регуларен.
Во ФС Шпанија сметаат дека поставените офсајд линии не се како оние во ВАР собата и тоа го доведува во прашање целиот моментален судиски систем, па се предизвикува и сомневање во регуларноста на натпреварувањето.
