Дома Фудбал Репрезентации Фотографијата на Салах ги загрижи навивачите на Ливерпул

Фотографијата на Салах ги загрижи навивачите на Ливерпул

Moхамед Салах отпатува на припремите со репрезентацијата на Египет пред двата натпревари во квалификациите за Африканскиот Куп на Нации против Кенија и Комора.

Сепак во текот на вчерашниот ден пристигна информација дека ѕвездата на Ливерпул нема да игра во овие два натпревари поради повреда.

 Салах настапи во неделното дерби против Манчестер Сити и од игра излезе во 87-та минута, а после завршувањето на натпреварот теренот го напушти со кеса лед.

Египќанецот на почетокот на месецот заработи иста повреда во натпреварот против Лестер поради што го пропушти дербито на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед.

Потоа се врати и одигра неколку натпревари, но сега ја обнови повредата.

Она што повеќе ги загрижи навивачите на Ливерпул е фотографијата на Салах од собирот на репрезентацијата на Египет на која се гледа дека има заштитна чизма на ногата па сега се претпоставува дека Салах може да пропушти и некој натпревар на Ливерпул после репрезентативната пауза.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Во Лече тврдат дека мајсторијата на Пандев не требало да важи

Македонскиот капитен Горан Пандев вчера против Лече го постигна еден од најубавите голови …