Дома Фудбал Италија Финале во Куп на Италија: Јувентус за спас, Аталанта за круна на сезоната

Финале во Куп на Италија: Јувентус за спас, Аталанта за круна на сезоната

Денешната понуда е доста интересна, а за вас го припремивме финалето на италијанскиот Куп и дуелот помеѓу Аталанта и Јувентус. Дуелот помеѓу овие две екипи е на програмата од 21:00.

Аталанта: Уште една фантастична сезона

Пред се, треба да нагласиме дека фантастичните партии на Аталанта повеќе не се случајност, бидејќи оваа екипа полека, но сигурно почнува да припаѓа на кремот од италијанскиот фудбал. Избраниците на Гасперини веќе трета сезона по ред успеаа да стигнат и да дојдат до пласман во ЛШ што е секако примарна цел, а во моментов се на второто место на табелата. Во минатото коло изиграа одличен натпревар кај Џенова и славеа со 3-4. Инаку формата на овој тим е одлична и во последните три натпревари освоија исто толку и победи. Не треба да се заборави дека во овој дуел стигнаа така што го елиминираа тимот на Наполи.

Јувентус: Очекувавме доста повеќе

Впечатокот е дека ниту најголемите песимисти не очекуваа дека Јувентус ќе игра толку лошо оваа сезона. Имено, како што сега стојат работите, делува дека Старата Дама после доста време нема да ги гледаме во ЛШ бидејќи се наоѓаат на петтото место на табеалта и чекаат кикс на некој од конкурентите во последното коло. Рака на срце, во минатото коло изиграа одличен натпревар и славеа против шампионот Интер. Не треба да се заборави дека од ЛШ оваа сезона беа елиминирани од Порто уште во 1/8 финалето, па сега овде имаат голем мотив за единствена титула оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Желбите на Конте за јануарскиот преоден рок

Новиот тренер на Тотенхем, Антонио Конте инсистира да бидат активни во јануарскиот преоден…