Англиските и португалските медиуми потврдија дека Манчестер Јунајтед и Спортинг Лисабон постигнале договор со трансфер на Бруно Фернандеш.
Португалскиот офанзивен фудбалер денес или најдоцна утре треба да пристигне во Манчестер на лекарски прегледи, а потоа ќе стави потпис на 4,5 годишен договор со „црвените ѓаволи“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Фернандеш веќе ги договорил личните услови со „ѓаволите“, па сега преостанува само да се договорат последните детали.
Фернандеш беше голема желба на Јунајтед и другите англиски гиганти уште во зимскиот преоден рок, но тогаш Спортинг одолеваше на богатите понуди. 25-годишниот Португалец и оваа сезона игра во фантастична форма, па несомнено ќе биде големо засилување за Солскјер.
Манчестер Јунајтед за неговиот потпис според најавите на медиумите ќе плати 50 милини фунти.
Manchester United have agreed a deal to sign Sporting Lisbon's Bruno Fernandes for £51m. The Portuguese midfielder will earn £5m-a-year and the announcement will be made today or tomorrow. (Source: tvi24) pic.twitter.com/89lZog3aCX
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 13, 2020