Дома Фудбал Англија Фернандеш откри како Солскјер одредува кој ќе изведе пенал

Фернандеш откри како Солскјер одредува кој ќе изведе пенал

Манчестер Јунајтед изгуби во минатото коло од Премиер лигата против Астон Вила на „Олд Трафорд“ (0:1).

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во судиското продолжение „црвените ѓаволи“ имаа пенал, а иако Роналдо беше на теренот одговорноста ја презема Бруно Фернандеш. Португалецот шутна силнои над голот. Но и покрај тој лошо изведен пенал, Солскјер се уште има доверба во Бруно.

„Шефот пред секој натпревар го одредува изведувачот на пенали, тоа не е одлука која се носи претходно. Пред Виљареал повторно ме повика и ми кажа дека јас ќе бидам изведувачот“, изјави Фернандеш за „БТ Спорт“ после натпреварот.

Во кариерата Бруно Фернандеш е на 90% успешност во изведувањето на пенли (38 реализирани од 42 обиди). Роналдо со 111 голови од 139 обиди е на 80% успешност. За викендот Јунајтед ќе игра против Евертон во сабота од 13:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Артета: Ќе играме како ѕверови дoмa

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека играчите се подготвени да играат како ѕвер…