Дома Фудбал Англија Фердинанд: Во последните 10 години само еден играч напредуваше во Јунајтед

Фердинанд: Во последните 10 години само еден играч напредуваше во Јунајтед

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд во емисијата на својот „Јутуб“ канал го критикуваше својот поранешен клуб.

Фердинанд смета дека е потребно да се развие вистинска култура внатре во клубот за да бидат успешни на теренот. Тој смета дека слабите резултати на Јунајтед доаѓаат поради лошата трансфер политика.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Според него само Бруно Фернандеш е играчот кој во последните десетина година дошол во Јунајтед и остварил напредок во својата игра: Погледнете ги играчите кои дојдат во последните осум или десет години, кој е сега подобар или на кого му порасна вредноста?“, се запраша Фердинанд.

„Можете да купите, три-четири играчи во еден преоден рок. Но, ако се продолжи да се работи на ваков начин, играчите да не напредуваат, тогаш се ќе падне во вода. Тоа е нешто кое мора да се промени“, смета легендарниот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…