Дома Останати Тенис Федерер: Секој следен турнир може да биде мој последен

Федерер: Секој следен турнир може да биде мој последен

0
federer

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Роџер Федерер е свесен дека секој нареден турнир би можел да му биде последен.

Роџер Федерер полека влегува во период во кој се почесто му се поставува прашањето за пензија. Сега тој зборуваше што се уште го држи на теренот.

„Што се уште ме држи на теренот? На крајот тоа е љубовта кон играта“, изјави Федерер и продолжи:

„Дали ова е мој последен Ролан Гарос? Секој турнир би можел да биде мој последен. Тоа не е исклучено. Меѓутоа не гледам на јас како на простување. Имам желба да играм и тоа не е променето“, изјави Федерер.

На прашањето кои му се целите на Ролан Гарос кратко одоговри:

„Се надевам дека ќе остварам неколку победи. Не знам што ждребот ќе донесе, тешко е да се зборува однапред“, порача Швајцарецот.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шок во светот на тенисот: Наместен меч на Вимблдон!?

Шпанските медиуми пренесуваат дека Фелисијано и Марк Лопез се под истрага дека наместиле м…