Роџер Федерер на „Лајвер Купот“ во Лондон ќе го одигра последниот натпревар во својата неверојатна кариера.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Веројатно најпопуларниот тенисер во историјата и сопственик на 20 гренслем титули во кариерата на теренот за последен пат ќе излезе во петок во меч во дабл конкуренција.




Иако се уште не е одредено кој ќе му биде партнер, Швајцарецот не ја крие желбата.
„Би сакал да играм во пар со Рафа. Тоа за последен меч во кариерата апсолутно би било остварување на сонот“, изјави Федерер.




На прашањето дали постои можност како Том Брејди во американскиот фудбал да се предомисли и да се врати на терените Федерер беше јасен.




„Нема шанси да се вратам. Ова ќе биде мој последен турнир на кој учествувам како професионален играч“, изјави Федерер.