Дома Останати Тенис Федерер елиминиран од Синсинати уште во третото коло!

Федерер елиминиран од Синсинати уште во третото коло!

Роџер Федер во третото коло го заврши својот настап на Мастерсот во Синсинати.

Од легендарниот Швајцарец подобар беше Андреј Рублев. Рускиот тенисер славеше со 2:0 во сетови. Беше 6:3 и 6:4.

Во првиот сет Рублев направи два брејка и тоа во вториот и четвртиот гејм, додека Федерер во иста мера возврати во третиот гејм. До крајот двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис и првиот сет го доби Русинот со 6:3.

Вториот сет донесе само еден брејк, а го направи Рублев во седмиот гејм па тој дел од играта 70-тиот играч во светот го доби со 6:4 и се пласираше во четвртфиналето.

Рублев во четвртфиналето ќе игра против Данило Медведев кој беше подобар од Јан-Ленард Струф со 2:0 во сетови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Зверев дојде до полуфиналето на УС Опен, урна и рекорд на Борис Бекер

Александар Зверев се пласираше во полуфиналето на САД Опен откако го совлада Ботик ван де …