Дома Фудбал ФА Куп: Манчестер Јунајтед доби најтежок противник

ФА Куп: Манчестер Јунајтед доби најтежок противник

Манчестер Јунајтед доби најтешка задача од сите фаворити во ждрепката за третото коло во ФА Купот.

„Црвените ѓаволи“ ќе ги одмерат силите со Астон Вила, кои предводени од легендата Стивен Џерард игра одлично.

Бранителот на титулата Лестер ќе се сретне со Вотфорд, додека Вест Хем на својот стадион ќе игра со Лидс.

Сите натпревари од третото коло во ФА Купот на Англија ќе се играат во периодот од 7 до 10 јануари 2022 година.

Ливерпул ќе го пречека Шрузбери, Сити му гостува на Свиндон, Тотенхем ќе го пречека Моркамб, Челзи е домаќин на Честерфилд, додека Арсенал има незгодно гостување кај Нотингем Форест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета без попуштање за 16-годишниот Дауман: „Ова не е Дизниленд!“

Макс Дауман ќе го пропушти Ливерпул по исклучувањето против Флитвуд, а Артета порача дека …