Дома Трансфер зона Уште еден „пораз“ на Барса: Депај останува во Лион

Уште еден „пораз“ на Барса: Депај останува во Лион

Познато е дека Мемфис Депај е голема желба на тренерот на Барселона, Роналд Куман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците се обидоа во летниот преоден рок да го донесат Холанѓанециот на „Камп Ноу“, но не успеаа да се договорат со Лион.

Сега медиумите пишуваат дека Депај ќе биде прва трансфер желба на Барселона во јануари, но Лион потврди дека нема да го пушти фудбалерот.

„Од почетокот ви кажував дека нема ништо од трансферот на Депај во Барселона. Особено не во година кога неправедно останавме без пласман во Европа. Мораме по секоја цена оваа сезона да избориме пласман во Европа, затоа Мемфис сигурно останува“, изјави претседателот на Лион, Ола.

Договорот на Депај со Лион устекува на крајот на сезона, па најверојатно Холанѓанецот ќе си замине како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…