Дома Трансфер зона Уште еден Бразилец пристигнува во Милан

Уште еден Бразилец пристигнува во Милан

0

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересуран за играчот на бразилски Интернационал, Родриго Дурадо.

Станува збор за 24-годишен плејмејкер, кој одигра фантастична сезона во Интернационал и беше избран за најдобар играч за врска во бразилското првенство.

Спортскиот директор на „росонерите“, Леонардо веќе подолго време ги следи неговите настапи и смета дека би бил идеална замена за Лукас Биглиа.

Агентот на Бразилецот го потврди интересот, а медиумите откриваат дека трансферот би требало да изнесува 15 милиони евра.


Следете го Sportski.mk и на


Милан веќе се засили со еден Бразилец, Лукас Пакета од Фламенго ќе го облечи дресот на „росонерите“ за сума од 35 милиони евра.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид се вклучи во трката за „бисерот“ на Рома

Откако Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал Мадрид, медиумите пишуваат дека ќе направ…