Дома Фудбал Останато Урава закажа полуфинале со Манчестер Сити

Урава закажа полуфинале со Манчестер Сити

Победникот на азиската Лига на шампиони, Урава од Јапонија е третиот полуфиналист на Светското клупско првенство кое се одржува во Саудиска Арабија, откако изненадувачки славеше над мексиканскиот Леон со 1-0.

Урава Ред Дајмондс славеше со голот на холандскиот напаѓач Алекс Шалк и во полуфиналето на Светското клупско првенство ќе игра против Манчестер Сити. Средбата ќе се одржи во вторник на 19 декември.

Во второто полуфинале директно е пласиран Флуминенсе, кој за противник ќе го има подобриот од дуелот помеѓу Ал-Итихад од Саудиска Арабија и Ал-Ахли од Египет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маркос Рашфорд во центарот на спектакуларен трансфер

Маркос Рашфорд би можел да се најде во центарот на еден од најинтересните потези во завршн…