Дома Фудбал Репрезентации Ужас: Репрезентативец на Шведска се бори за живот!

Ужас: Репрезентативец на Шведска се бори за живот!

Ужасни вести пристигнуваат од Шведска, имено репрезентативецот на оваа земја, Кристијан Олсон завршил во болница поради заболување на мозокот и докторите се борат за неговиот живот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерот кој настапува за Мидтјланд загубил свест во вторникот и бил хоспитализиран. Последните информации не се добри бидејќи се наоѓа на респираторна поддршка и во кома. Олсон е во болница во градот Архус.

Информациите за неговата состојба ги потврди и Мјитиланд.

„Олсон се здоби со акутно заболување на мозкот и тоа не е предизвикано од самоповредување. Сите во клубот сме погодени од ситуацијата и му пружаме максимална поддршка него и на неговото семејство“, објави данскиот клуб.

Кариерата Олсон ја започна во Спеинет и Норкопинг, меѓутоа како младинец беше дел и од Арсенал, а откако не се наметна во англискиот гигант доби шанса во Мидтјиланд, потоа беше член уште на АИК, Краснодар и Андерлехд, додека се врати во Мидтјиланд во 2022 година каде што игра од 2022 година.

За репрезентацијата на Шведска собра 47 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Чеферин го бојкотира клупското СП и го руши Инфантино: Откриено е кого посакува на тоа место

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин планира на 12 август, на финалето на Суперкупот, …