Дома Фудбал УЕФА нема да го одложи натпреварот Интер – Лудогорец

УЕФА нема да го одложи натпреварот Интер – Лудогорец

Корона вирусот претходните денови се појави во Италија и поради тоа во оваа земја се створи голема паника.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Појавата на вирусот влијаеше и на спортските натпревари, а минатиот викенд беа одложени повеќе натпревари во Серија А. Премиерот на државата, Конте потврди дека веројатно и следниот викенд голем дел од натпреварите ќе бидат одложени.

Исто така, во прашање дојде и одигрувањето на натпреварот во Лига Европа помеѓу Интер и Лудогорец. Реваншот од тој дуел трена да се одигра во четврток и веќе се шпекулира дека натпреварот може да се одложи.

Но, италијанските медиуми пренесуваат дека УЕФА порачала дека натпреварот мора да се одигра поради самото натпреварување, но веројатно ќе биде одигран пред празни трибини на стадионот Џузепе Меаца.

Интер во првиот натпревар славеше со 2:0 и со една нога е во осминафинаето на ЛЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали играше Ламин Јамал со рака кога го доби пеналот?

Пеналот со кој Микел Ојарзабал ја донесе Шпанија во водство предизвика многу полемики, но …