Дома Фудбал УЕФА го одложи мечот Тотенхем – Рен

УЕФА го одложи мечот Тотенхем – Рен

Фудбалерите на Тотенхем се наоѓаат под голем удар на корона вирусот затоа што дури 13 лица од клубот се заразени.

Институт за јавно здравје им наложил на Тотенхем да го затвори и тренинг-кампот со цел да се спречи дополнително ширење на заразата.

Поради тоа УЕФА одлучи да го одложи утрешниот меч со Рен во Конференциската лига.

Се уште не е познато дали и кога ќе се одигра овој натпревар. Тотенхем засега нема обезбедено место во следната фаза и потребна му е победа против Рен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета без попуштање за 16-годишниот Дауман: „Ова не е Дизниленд!“

Макс Дауман ќе го пропушти Ливерпул по исклучувањето против Флитвуд, а Артета порача дека …