Дома Фудбал Тухел: Титулата е во наши раце

Тухел: Титулата е во наши раце

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел пред утрешниот меч со Шалке во Бундеслигата изјави дека се е во рацете на Баварците.

Борбата за титулата оваа сезона во Бундеслигата е исклучително интересна, а на три кола пред крајот Баерн има еден бод повеќе од Борусија Дортмунд.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Имаме се за освојување, и ништо за губење. Титулата е во рацете на Баерн, но ние треба да се бориме за неа. Затоа ја бркаме. Имаме еден бод предност, таа е во наши раце, ја гледам само во мојот тим“, рече Тухел.

На крајот Тухел даде коментар за иднината на Томас Милер, за кого се шпекулира дека може да го напушти Баерн на крајот на сезоната.

„Томас за тоа треба да одлучи сам. Милер е Баерн и Баерн е Милер. Тој игра за 12-та титула во Бундеслигата и целосно е фокусиран на тоа. Се останато не е важно“, изјави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Гвардиола го напушта Сити

Манчестер Сити на крајот од сезоната може да остане без Пеп Гвардиола. Неговиот договор ис…