Дома Фудбал Тухел пред отказ, ПСЖ испрати понуда до Алегри

Тухел пред отказ, ПСЖ испрати понуда до Алегри

Поранешниот тренер на Милан и Јувентус, Масимилиано Алегри после една година одмор е спремен да му се врати на фудбалот.

Алегри минатото лето спогодбено го раскина договорот со Јувентус и одби многу побуди бидејќи сакаше да се одмори една година, но сега е спремен да се врати.

Италијанските медиуми тврдат дека стигнала понуда од Пари Сент Жермен. Спортскиот директор Леонардо сака да го донесе Италијанецот во Париз бидејќи не е задоволен од работата на Томас Тухел.

После синоќешниот пораз од Манчестер Јунајтед раководството на „светците“ решило да ги забрза контактите со Макс Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мерсон го вклучи алармот: За Ливерпул нема титула без победа над Арсенал

Пол Мерсон смета дека неделното дерби на „Енфилд“ е клучен тест за шампионските амбиции на…