Tренерот на Барселона, Ернесто Валверде, припреми план за змиски „чистење“ на „Ноу Камп“, пренесува шпанскиот портал, „Дон Балон“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во текот на зимскиот преоден рок, „Камп Ноу“ би можеле да го напуштат неколку фудбалери, а скоро сигурно е дека „чистењето“ ќе започне со Арда Туран. Тренерот на Барселона веќе на управата и соопштил дека Туран не сака да го види во соблекувалната на почетокот на идната година.
И самиот Туран неодамна изјави дека најдобро и за двете страни би било да замине, но менаџерот на Туран со изјавата во медиумите не најави негово заминување.
„Тренерот не му даде прилика, тој сака да игра, а оваа сезона не собра ниту десет минути на теренот. Има уште две ипол години од договорот. Таков договор не може да си дозволи било кој тим“, изјави менаџерот Ахмед Булут.